Каско Осигурување
Каско Осигурување
Со потполно каско осигурување обезбедувате покритие на сопственото моторно возило без да се грижите кој е причинител на штетата. За разлика од осигурувањето од автомобилска одговорност, каско осигурувањето не е задолжително – што значи дека осигуреникот може доброволно да ја склучи полисата со намера моторното возило да го заштити од најразлични оштетувања.
Каско полисата се однесува исклучиво на вашето возило. Таа ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.
Каско осигурување овозможува осигурително покритие од:
Основни ризици:
- сообраќајна незгода
- превртување
- судар
- удар
- лизгање
- паѓање или удар со предмет
- пожар
- надворешно термичко или хемиско дејство
- удар на гром
- експлозија
- луња
- град
- снежна лавина
- паѓање на воздушни летала
- манифестации и демонстрации
- кражба и разбојништво
- злонамерни постапки и обест на трети лица
- оштетување на тапацир
- намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително и поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица
- поплава, порој и високи води.
Дополнителни ризици:
Покрај основните ризици дополнително може да ги осигурате возачот и патниците од последици на несреќен случај – незгода како и дополнителната опрема и багажот.
Повелете во нашите канцеларии и обезбедете каско осигурување за вашето возило со или без ваше учество(франшиза) во евентуалните штетни настани.
Со задоволство ќе Ви одговориме!