Осигурување Имот
Комбинирано осигурување на електронски сметачи и процесори
Предмет на осигурување: сите електронски сметачи, печатари, сметачки процесори, и слични електронски уреди. Истите може да се осигураат од комбинирани ризици како што се пожар и некои други опасности, провална кражба и разбојништво и кршење на машини.
Осигурени опасности:
- Пожар и некои други опасности: пожар, удар од гром, експлозија, излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација, луња, град, удар со сопствено моторно возило во осигуран објект, манифестација и демонстрација, паѓање на воздушни летала, дополнителни ризици (поплава порој и високи води, одронување на земјиште, слегнување на тло, снежна лавина).
- Кршење на машини: ненадејна и непредвидлива физичка штета или оштетување за кое треба да се изврши поправка или замена на осигурените предмети, механичко расипување, грешки во конструкцијата, материјалот или изработката, дејство на електрична енергија (куса врска, индиректен удар на гром), откажување на сигурносните и регулационите уреди, паѓање и превртување.
- Провална кражба и разбојништво.
Имате прашање?
Со задоволство ќе Ви одговориме!
Со задоволство ќе Ви одговориме!