Осигурување Имот
Осигурување на посеви и плодови
Земјоделството е постојано изложено на ненадејни временски непогоди кои можат значително да ги намалат приносите. Земјоделското осигурување е една од финансиските алатки која фармерите можат да ја искористат за да го ублажат ударот од непредвидливите ризици.
Осигурете ги посевите (вклучувајќи посртни, подпосеви и меѓупосеви), плодовите, ливадските треви, лековитите билки, украсните растенија, овоштарниците и лозјата, младите овоштарници и лозја пред појавувањето на род, расадниот материјал (овошен, лозов или шумски), младите шумски култури до наполнети 6 години, врбите за плетење и трските.
Осигурени опасности:
- Основни ризци – град, пожар, удар од гром
- Дополнителни ризици – олуја, пролетен мраз, губење на квалитет на производот и поплава
- Посебни видови на осигурувања
- Осигурување на посеви и плодови од губење на семенскиот квалитет
- Осигурување на лозови пењушки
- Осигурување на овошни плодови и трпезно грозје од губење на количеството и квалитетот
- Осигурување на посеви и плодови во оранжерии и пластеници
Сума на осигурување:
Сумата на осигурување се утврдува врз основа на очекуваниот принос по еден хектар и цената по еден килограм.
Имате прашање?
Со задоволство ќе Ви одговориме!
Со задоволство ќе Ви одговориме!