Автоодговорност

Автоодговорност

Осигурувањето од автомобилска одговорност претставува законски задолжителна обврска пред вклучување на возилото во сообраќај, односно потребно е да ја поседувате при регистрација на возилото.

За изработка на полисата потребна е сообраќајната дозвола. Во случај да станува збор за прва регистрација на ново или увезено возило, потребна е фактура или хомологација.

Со автомобилската одговорност покриена е одговорноста на сопственикот на возилото за штети причинети кон трети лица и предмети при употреба на моторно возило во сообраќајот. Односно, штетата што ќе ја предизвика возачот (осигурaн од автомобилска одговорност во моментот на настанување на штетата) кон трето лице, нема да биде на негов товар, туку на осигурителната компанија од каде е издадена полисата.

Годишната премија се определува согласно видот и карактеристиките на моторното возило, и тоа во согласност со Тарифата за задолжително осигурување во сообраќајот како и со примена на соодветен бонус за немање штети односно малус за причинети штети во претходен период.

Покрај основното осигурување полисата за автомобилска одговорност може да ја дополните со: