Помош на Пат
Помош на Пат
Кога тргнуваме на пат, не можеме со сигурност да ги предвидиме настаните кои следат, но можеме да се осигураме дека во случај на несреќа има кој да се погрижи за нас, нашите сопатници и нашето возило. Полисата за помош на пат e покритие за следниве осигурени ризици при патување во Македонија и Европа:
- давање информации
- поправка на лице место
- транспортот на осигуреното моторно возило
- привремено сместување на моторното возило
- хотелско сместување
- обезбедување на заменско рент-а-кар возило
- продолжување на патувањето
- враќање по осигуреното моторно возило
- надомест на трошоци за телефон
Помошта на пат се обезбедува во случај кога осигуреното моторното возило не може повеќе да се движи заради:
- електричен или механички дефект – претставува состојба на возилото во која што истото не може да се движи или не може да се движи на безбеден начин, заради откажување/дефект на механички, електричен или електронски елемент, дел или склоп, само ако возилото за кое што е склучено осигурувањето за помош на пат во моментот на настанување на електричниот или механичкиот дефект не е постаро од 8 години;
- сообраќајна незгода –судар, удар, лизгање или превртување на моторното возило;
- незгоди во врска со употребата на моторното возило – губење на клучеви, клучеви заклучени во возилото, недостаток на гориво или лош квалитет на истото, употреба на несоодветно гориво, издишени или продупчени пневматици и слично.
Во случај на незгода – механички или електричен дефект на возилото, сообраќајна незгода или некоја друга незгода поради која осигуреното возило не може да се движи (губење на клучеви, недостаток или лош квалитет на гориво, издишени гуми), доволно е да се јавите на Контакт центар и ќе ви биде пружена соодветна помош во најкраток можен рок.
Имате прашање?
Со задоволство ќе Ви одговориме!
Со задоволство ќе Ви одговориме!