Осигурување од Незгода

Осигурување од Незгода

Никогаш не знаеме кој е наредниот непредвидлив и немил настан во животот! Што не чека дома, на работа, на пат кон училиштетo и работа. Живееме многу динамично, а со тоа се зголемуваат шансите и за непријатни случки, ненадејна незгода, пад или удар, со тешки последици.Последиците од несреќен случај може да направат трајни последици по здравјето на осигуреникот. За полесно да се справите со неизвесните ситуации препорачуваме да поседувате осигурување од незгода.

Колективното осигурување на работници од последица од незгода (несреќен случај) овозможува ублажување на економските последици за компанијата и за самите работници од несреќните случаи кои можат да настанат на работното место или каде било во секојдневниот живот: просторно и временски неограничено.

Со одбирање на полиса за осигурување од незгода правите вистински чекор кон планирање на сигурна иднина и заштита од непредвидливи настани.

Нудиме колективно осигурување од незгода на деца од претшколска возраст со кое децата се осигурени 24 часа дневно.

Колективно осигурување на ученици и студенти, како и осигурување од незгода на работни колективи, односно заштита на вработените во текот на целото деноноќие, без разлика дали се наоѓаат на работното место или вон него.