Осигурување Имот
Осигурување од пожар и други опасности
Пожар предизвикан од инсталација или поплава од водоводна и канализациона инсталација се немили настани кои можат да предизвикаат оштетувања на имотот и стварите во огромни размери. Штетата која ќе ја претрпите најлесно и најбрзо може да ја покриете доколку поседувате полиса за осигурување од пожар и некои други.
Предмет на осигурување може да бидат недвижности и подвижни предмети: Градежни објекти, куќи, станови, викендици, канцеларии или други деловни објекти, фабрики, опрема, вградена механичка опрема и вградени инсталации, машини, мебел, инсталации, пари, резерви од стока и други предмети.
Основни ризици:
- пожар и удар на гром
- експлозија
- силен ветер
- град
- луња
- излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
- манифестации и демонстрации
- удар со сопствено моторно возило во осигуран објект
- паѓање на воздушни летала
Со дополнителна премија за осигурување може да се осигурате и од следните ризици:
Дополнителни ризици:
- поплава, порој и високи води
- слегнување на тло
- лизгање и одронување на земјиште
- снежна лавина
- удар од непознато моторно возило во осигурениот градежен објект
- истекување
- самозапалување на залихи
- истекување на вжарена течна растопена маса
Имате прашање?
Со задоволство ќе Ви одговориме!
Со задоволство ќе Ви одговориме!