Осигурување Имот

Комбинирано осигурување на домаќинство
Осигурувањето на домаќинството е една од најважните полиси кои би требало да ги обезбедите. Домот претставува животна инвестиција и за да го заштитите и да ја зачувате сигурноста препорачуваме да поседувате домаќинско осигурување.
Со Комбинирано домаќинско осигурување Вашиот дом и стварите во домаќинството ќе бидат осигурени од следниве осигурени опасности – ризици:
Основни ризици:
- пожар
- удар на гром
- експлозија
- излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација
- луња
- град
- удар со сопствено моторно возило во осигуран објект
- манифестации и демонстрации
- паѓање на воздушни летала
- провална кражба и разбојништво
- трошоци за нужно сместување во случај на тотална штета
Дополнителни ризици:
- поплава, порој и високи води.
- лизгање и одронување на земјиште
- снежна лавина
- земјотрес
- кршење на стакло
Со полисата за осигурување на домаќинството може да се обезбеди надомест на загубата, доколку домот (стан, куќа, викендица, деловен простор…) е оштетен, мебелот и покуќнината се украедни, некој е повреден или е потребно привремено сместување.

Имате прашање?
Со задоволство ќе Ви одговориме!
Со задоволство ќе Ви одговориме!